Словенија: Сите полнолетни граѓани ќе добијат ваучер од 200 евра, за летување во земјата

by Administrator

Владата во Словенија на сите полнолетни државјани ќе им додели ваучер од 200 евра кој што ќе може да го потрошат за летување на некоја од дестинациите во земјата. Целта е да се стимулира локалниот туризам, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Вакви ваучери ќе добијат и пензионерите и независните земјоделци. Според премиерот Јанез Јанша, намената на овие ваучери е да се плаќа и финансиски помогне сместувањето на граѓаните во туристичките објекти во Словенија.

Според најавите истите не можат да се користат за плаќање во ресторани или други угостителски објекти.

Poslovnihr

You may also like