Словенија ги зајакна граничнните контроли

by Administrator

Словенечката полиција ги засили контролите на границите со Хрватска и Унгарија како одговор на променетата безбедносна ситуација во Сирија. Целта на овие мерки е борба против тероризмот и спречување на илегалната миграција, соопшти МВР на Република Словенија.

Зголемената контрола на границите е дел од превентивните активности на Словенија, имајќи предвид дека промените во Сирија може да влијаат на миграциските текови и на безбедносната ситуација во регионот.

Словенечките власти ја нагласуваат важноста од координација со другите земји од ЕУ со цел да се обезбеди гранична контрола, заштита од потенцијални безбедносни закани и стабилност во регионот.

You may also like