Словенија воведе задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија

by Administrator

Словенечката Влада објави дека донела одлука сите оние кои доаѓаат од Северна Македонија да мораат да одат во задолжителен 14 дневен карантин. Ваквата одлука важи за сите, без разлика дали се државјани на Словенија, Македонија или држава членка на Европската Унија.

„Епидемиолошката ситуација во Македонија е вонредно тешка. Сите оние кои во Словенија ќе дојдат од таа држава, дури и словенечките државјани, мораат да одат во 14 дневен карантин“, објави словенечкото Министерство за внатрешни работи.

Карантинот за Словенците кои се враќаат дома од други земји е укинат пред три недели.

NovaTV

You may also like