СЛОВЕНЕЧКИ ПРЕДСТАВНИК СО АМАНДМАН, ЕУ ГО УСВОИ: Признавањето на геноцидот во Сребреница како услов за приме на Србија во ЕУ

by Administrator

Претставници на Европскиот парламент во дебатата за Извештајот за напредокот на Србија го усвоија амандманот на словенечкиот претставник Игор Шолтес за Сребреница.

– Парламентот жали заради повтореното негирање на геноцидот во Сребреница од страна на некои српски функционери; ги потсетува дека целосна соработка со Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија и механизмот кој го наследил, исто така вклучува и многу прифаќање и примена неговите пресуди и одлуки; нагласува дека признавањето на геноцидот во Сребреница е суштински чекор на патот на Србија кон пристапување во ЕУ – стои во амандман на Игор Шолтес пред парламентарната група Зелени, пренесува N1.

После тоа, резолуцијата беше усвоена во конечниот текст со 503 гласови за, 85 против и 47 воздржани.

You may also like