СКАНДАЛ: Турција ја немало на логото на Преспанскиот форум, ургирал Чавушоглу

by Administrator

Со ургенција на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, редизајнирано е логото на Форумот во Преспа, кој се одржува во северна Македонија.

Имено, турскиот министер Чавушоглу, кој беше во официјална посета на Северна Македонија, забележал  детаљ кој му пречел за време на неговата посета. На логото на Форумот во Преспа на кое беше насликана мапата ја немало Туркије.

Чавушоглу ги предупредил властите, по што грешката набрзо била исправена. На маргините на форумот, турскиот министер Чавушоглу оствари билатерални средби со многу високи претставници и се сретна со претставници на турската заедница во северна Македонија.

You may also like