Сирија: Во терористички напад во време на ифтар ранети 18 цивили

by Administrator

Најмалку 18 цивили се ранети во експлозија на бомба во време на ифтар во една фрекфрентна улица во Ал Баб, на северот на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Бомба, скриена во пакет, активирана е кога на тоа подрачје многумина луѓе купувале.

Бомбата е поставена во многу фрекфрентна улица попозната како патот Рал во самиот центар на градот Ал Баб кој е ослободен од терористите.

Во терористичкиот напад се ранети најмлку 18 цивили кои се префрлени во билница, а на околните згради е причинета значителна материјална штета.

Локалните безбедносни сили веруваат дека нападот го извела терористичката организација ЈПГ/ПКК.

You may also like