Силна експлозија за време на молитва во џамија во Кабул, најмалку 20 загинати

by Administrator

Силна експлозија се случи вечерва за време на вечерната молитва во џамија во Кабул и се стравува дека има многу мртви и повредени, соопшти полицијата. Претставник на талибанското разузнавање изјави дека можеби се убиени или повредени 35 лица.

Ал Џезира објави, цитирајќи неименуван функционер, дека загинале 20 лица. Болницата во Кабул на Твитер објави дека примила 27 повредени, меѓу кои и седумгодишно дете. Нападот се случил во населбата Каир Кан. Меѓу загинатите е и имамот на џамијата.

(Vijesti.ba)

You may also like