СЗО создаде сопствена фондација, заради финансирање на своите активности

by Administrator

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, најави формирање фондација што ќе и овозможи на организацијата да користи нови извори на финансирање.

Фондацијата на СЗО ќе биде независна организација која ќе дава донации и која ќе ги поддржува напорите на СЗО за соочување со најтешките глобални здравствени предизвици преку собирање нови средства од „нетрадиционални извори”.

Тедрос рече дека основањето на Фондацијата СЗО нема никаква врска со неодамнешните проблеми со финансирањето. Тој нагласи дека годишниот буџет на СЗО од околу 2,3 милијарди американски долари е многу мал за една глобална агенција. Исто така, како што рече, изворите на финансирање се премногу несигурни и се потпираат премногу на „флексибилно финансирање”.

Netpress

You may also like