0
Воен хеликоптер од типот Mи-17 се урна во авганистанската провиниција Мајдан Вардак. Во несреќата животот го загубија 4 члена на екипажот и 5 претставници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Авганистан соопшти дека во местото Бехсуд во провинцијата Мајдан Вардак се урнал воен хеликоптер на Авганистанските воздухопловни сили од типот Mи-17.
Во соопштението се наведува дека во несреќата животот го загубиле 4 члена на екипажот и 5 претставници на безбедносните сили, и се додава дека во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.
Anadolu Agency