1
Со натпреварот помеѓу Катар и Еквадор денес во 17.00 часот за почнува Светското првенство.
Катар е центарот на светот до 18 декември, се очекува повеќе од милион луѓе од цела планета да отпатуваат во Доха за да уживаат во спектаклот.
Пред почетокот на ова првенство имаше многу контроверзии, се уште е актуелна приказната за човековите права на ЛГБТ лицата и работниците мигранти, се коментира одлуката за забрана на употреба на алкохолни пијалоци (пиво) во околината на стадионот, но ништо може да го запре фестивалот.
Во Доха се одржува голема навивачка забава, а на сцената со Златната божица се појавија легендите, поранешните светски шампиони – Давид Трезеге, Кафу, Марко Матерачи, Јури Ѓоркаеф и Икер Касилјас.













Фото: РОЈТЕРС
