Саудискиот крал Салман го покани емирот на Катар на самитот на Советот за соработка во Заливот

by Administrator

Саудискиот крал Салман ибн Абдулазиз го покани катарскиот емир Тамим бин Хамад ал Тани на 39-тиот самит на Советот за соработка во Заливот (GCC), јави агенцијата Анадолу (АА).

Според официјалната новинска агенција на Катар QNA, саудискиот крал Салман испратил официјална покана на емирот Катар ал-Тани да учествува на 39-тиот самит на GCC на 9-ти декември во неговата земја.

Потсетуваме дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет, Бахреин и Јемен на 5 јуни минатата година објавија дека ги прекинуваат сите дипломатски врски со Катар, кого го обвинија за дестабилизација на регионот. Тие го затворија воздушниот простор за Катар и им наредија на дипломатите на Катар да ги напуштат тие земји во рок од 48 часа.

 

You may also like