Саудиска Арабија го осуди планот на Израел за изградба на 800 нелегални станбени единици на Западниот Брег

by Administrator

Саудиска Арабија ја осуди одлуката на Израел за изградба на 800 станбени единици во нелегалните еврејски населени места на окупираниот Западен Брег, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според писменото соопштение на саудиското Министерство за надворешни работи, Саудиска Арабија остро ја осудува одлуката на Израел за одобрување на изградбата на 800 нови станбени единици на Западниот Брег.

Се наведува дека апсолутно ја одбиваат оваа одлука на Израел, и дека тоа е ново прекршување на одлуките со меѓународен легитимитет и претставува закана за мирот. Според соопштението, тоа ќе ги поткопа напорите за дводржавно решение.

Инаку, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 11 јануари на својот Твитер профил напиша дека ќе се изградат над 800 нови станбени единици во зони на Западниот Брег.

You may also like