САД: Сиријка завршила во болница откако била нападната во школски тоалет

by Administrator

Младата Сиријка по име Сејма, кој ја напушти својата татковина и засолниште во САД најде пред 2,5 години, заврши во болница откако беше жртва на физички и расистички напад во училишен тоалет во Питсбург, Пенсилванија, јави агенцијата Анадолу (АА).

Според информациите објавени од страна на новинарот АА, Сејма,(15), пред 2,5 години заедно со нејзиното семејство, побегнале од Сирија, која била погодена од војната, и прибежиште најде во градот Питсбург, во сојузната држава Пенсилванија. Сејма, во Питсбург, посетувала настава во средното училиште Chartiers Valley, каде во петокот беше ќртва на расистички напад.

Ученичка од училиштето, чиј идентитет не е познат, а кој во школскиот тоалет пушела електрична цигара, побарала од Сејма да го напушти тоалетот, што Сиријката го одбила. Ученичката потоа и` пришла на Сејма и ѝ рекла: “Биди благодарна што не го знам вашиот јазик, затоа што сега ќе ти ги изречев најтешките навреди”.

После тоа, ја турнала на подот и почнала да ја удри со рацете. Сето ова со телефон било снимено од учениците кои исто така биле во тоалетот, и наскоро снимките да бидат објавени на социјалните мрежи.

Новинарот АА дознава дека младата Сејма ја загубила свеста како резултат на нападот и завршила во болница. Сиријката ја напуштила болницата во неделата а се верува дека тоа бил планиран напад врз неа.

Со оглед на тоа што видеото за нападот беше објавено на социјални мрежи, Сиријката доби бројни пораки на подршка од школските колеги. Во прилог на пораките за поддршка, учениците започнаа петиција ученичката кој ја нападна Сејма да биде истерана од училиштето.

За овој случај на напад запозната е и муслиманската организација на Советот за американско и исламски односи (ЦАИР) од која е потврдено дека ова тема ќе биде проследена до канцеларијата на федералниот обвинител.

You may also like