САД подготвени се да го признаат “израелскиот суверенитет“ на окупираната палестинска земја

by Administrator

Соединетите држави објавија дека се подготвени да ги признаат израелските акции за проширување на израелскиот суверенитет на окупираните територии кои им припаѓаат на Палестинците.

„Како што веќе кристално  објавивме, ние сме подготвени да ги признаеме израелските акции за проширување на израелскиот суверенитет и да го примениме израелскиот закон во области на Западниот Брег за кои се очекува да бидат дел од државата Израел“, изјави портпаролката на американскиот Стејт департмент.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порано изјави дека таканаречениот мировен договор предложен од Доналд Трамп во јануари ветува признавање на израелската моќ над Западниот Брег.

Палестинците го отфрлаат наводниот мировен план на Трамп, бидејќи тој му ја доделува скоро целата земја на која тој ги изгради своите илегални населби на ционистичкиот режим на Израел.

Американските про-израелски планови немаат рецепт за мир, бидејќи тие го кршат меѓународното право и ги лишуваат Палестинците од нивните основни права.

You may also like