Руски дипломат протеран од Албанија поради непочитување на епидемиолошките мерки

by Administrator

Рускиот дипломат Алексеј Кривошеев протеран e од Албанија затоа што ги прекршил мерките за сузбивање на епидемијата на вирусот корона, соопшти Министерството за надворешни работи на Албанија. Руската амбасада во Тирана смета дека се работи за неосновани обвинувања. Министерството за надворешни работи на Албанија објави дека руската страна од април минатата година обрнато му е внимание во врска со однесувањето на дипломатот Алексеј Кривошеев. “И покрај ветувањата, рускиот дипломат продолжил да ги крши мерките.

За жал, албанската влада донесе одлука за прогласување на дипломат Алексеј Кривошеев за персона нон грата, со обврска да ја напушти земјата во рок од 72 часа по објавувањето на одлуката”, се вели во соопштението . Во исто време, Министерството за надворешни работи изрази подготвеност да ја продолжи пријателската соработка со Русија, изразувајќи надеж дека Москва ќе го сфати ова како присилна мерка за заштита на здравјето на луѓето.

Руската амбасада во Тирана за Спутник изјави дека обвинувањата против рускиот дипломат се неосновани. “Нагласуваме дека спомнувањето на името на нашиот службеник во соопштението е грубо кршење на меѓународната дипломатска пракса. Министерството за надворешни работи на Русија е информирано за ова”, велат од амбасадата.

 

You may also like