Во контекст на растечките тензии во односите меѓу Анкара и Вашингтон и воведувањето на американските економски санкции против Турција заради новиот дипломатски скандали со притворањето на американскиот пастор Брунсон (ама исто така и тензијата околу Фетулах Ѓулен, лидерот на организацијата ФЕТО, која во Турција е прогласена како терористичка и кого САД не сака да ја екстрадира Турција),секако треба да се анализира и следната вест.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ќе предстојува во Анкара на 13 и 14 август. Тој ќе разговара со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу за подготовката на претстојниот состанок на шефови на држави Русија, Турција, Германија и Франција за Сирија што ќе се одржат во Турција, објави рускиот МВП. Во Анкара, Лавров ќе учествува на конференција на турски амбасадори и претставници на таа земја во меѓународни организации, во која ќе одржи билатерална средба со својот турски колега и ќе разговара за клучните прашања од билатералните и меѓународните односи.
Во соопштението се наведува дека “руската страна започнува од фактот дека двете земји имаат посебна одговорност за обезбедување и зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Сирија и целиот регион”. Двајцата министри ќе разговараат за ситуацијата на Блискиот Исток и Северна Африка, регионот Кавказ, Централна Азија, Украина и Црното Море, но исто така и за зголемување на ефикасноста на заедничките настапи на платформите на меѓународните организации. Посебно внимание ќе се посвети на економските и трговските односи и врските, каде енергетските прашања се секако доминантни. Тие, исто така, ќе разговараат за укинување на преостанатите трговски бариери и проширување на трговијата со земјоделски производи, првенствено почеток на рускиот извоз на месо и производи од месо на турскиот пазар.
