Руското Министерство за одбрана тврди дека не се точни тврдењата дека руската армија масакрирала цивили во Буча, лоцирана во близината на главниот град на Украина, Киев.
Во соопштението на Министерството за одбрана се тврди дека фотографиите и видеата што ги објави киевската администрација од Буча се провокација.
Во соопштението е наведено и дека ниту еден жител на регионот не бил повреден од какви било акти на насилство во периодот додека оваа населба била под контрола на рускита војници, а во овој регион била дистрибуирана хуманитарна помош.
Во соопштението, во кое се наведува дека цивилите можеле слободно да се движат во градот и дека во овој период биле евакуирани, се тврди дека украинските вооружени сили ги бомбардирале областите јужно од градот, вклучувајќи ги и станбените населби.
Во соопштението се нагласува дека денот по разговорите лице в лице меѓу Русија и Украина во Türkiye, на 30 март, сите руски војници целосно се повлекле од Буча. Во соопштението беше подвлечено следното:
„Меѓудругото, градоначалникот на Буча Анатолиј Федорук, во видео пораката на 31 март потврди дека во градот нема руски војници, но не ни спомна за локалните жители со врзани раце кои беа застрелани по улиците.
Затоа, не е чудно што сите таканаречени „докази за криминал“ во Буча беа откриени на четвртиот ден, кога во градот влегоа украинските разузнавачи СБУ и претставници на украинската телевизија.
Посебно загрижува фактот што телата на сите луѓе, чии слики режимот во Киев ги објави најмалку четири дена подоцна, не се стврднаа, ги немаа карактеристичните дамки на трупови и имаа некоагулирана крв во раните.
Сето ова несомнено потврдува дека фотографиите и видео снимките од Буча, како и во породилиштето во Мариупол и во другите градови, се уште една фикција на режимот во Киев за западните медиуми“.
„TRT“
