Русија на чело на Советот за безбедност

by Administrator

Русија го презема едномесечното претседателство со Советот за безбедност на ОН.

Месечната ротација на членовите на Советот за безбедност на ОН во овa својство се врши по азбучен ред со името на државата, a во август со него претседаваше Полска.

Во постојаната мисија на Русија во ОН за Спутник пренесуваат дека е планирана значајна програма во рамките на Советот во септември, а голем број на настани ќе бидат посветени на регионалната соработка.

Претседателството на Русија се совпаѓа со отворањето на 74-та седница на Генералното собрание, а ќе го предводи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

You may also like