Русија и Турција потпишаа меморандум за формирање заеднички центар за набудување на огнот во Карабах

by Administrator

Руските и турските министри за одбрана Сергеј Шојгу и Хулуси Акар потпишаа меморандум за формирање заеднички центар за набудување на огнот во Нагорно Карабах.

Тоа е дел од потпишаниот трипартитен договор меѓу Русија, Ерменија и Азербејџан за ставање крај на војната во регионот.

Рускиот министер рече дека постигнатиот договор и воведувањето руски мировни сили ќе овозможат да се запре крвопролевањето и да се изградат услови за враќање во мирен живот, како и враќање на бегалското население во своите домови.

Заедничкиот руско-турски центар за набудување на прекинот на огнот ќе биде лоциран на територијата на Азербејџан, ќе собира информации и ќе ги верификува истите во однос на почитувањето на примирјето. Исто така, тоа ќе биде централно тело за разгледување на жалби, прашања или проблеми во врска со кршење на договорот.

 

You may also like