Рохани: „Војната во Нагорно Карабах не смее да прерасне во регионална“

by Administrator

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди денеска на опасноста судирот меѓу Азербејџан и Ерменија да прерасне во регионална војна.

– Ние мора да бидеме внимателни војната меѓу Ерменија и Азербејџан да не стане регионална војна. Мирот е основата на нашата работа. Се надеваме дека стабилноста во регионот ќе се врати на мирен начин, рече Рохани.

Тој, исто така ,додаде дека Иран нема да дозволи државите да „испраќаат терористи“ на границите на Иран под различни изговори.

TV21

You may also like