Реакции на палењето на Куранот: На верниците во црквите во Турција им се подаруваа рози

by Administrator

Група млади луѓе во провинцијата Мардин во југоисточна Турција им подаруваа рози на верниците во црквите во знак на соживот, откако во саботата во Шведска беше извршен чинот на палење копија од светата книга Куран, јавува Анадолија.

Младите мажи во овој турски град решија на овој начин да ја покажат важноста на соживотот и дијалогот со другите.

Ибрахим Халил Јетим, еден од младите кои учествувале во овој гест, изјавил дека решиле на ваков начин да реагираат на чинот на палење копија од Куранот во Шведска.

Тој истакна дека размислувале како да реагираат и, во согласност со советите и упатствата на пророкот Мухамед, ги посетувале црквите и им подарувале рози на луѓето што ги нашле таму.

Расмус Палудан, лидерот на екстремно десничарската данска партија Силен курс (Страм Курс), вчера запали примерок од светата книга Куран пред турската амбасада во Стокхолм. Палудан бил опколен од бројни припадници на полицијата додека го изведувал чинот на палење на Куранот во близина на турската амбасада.

Во соопштението на полициската управа во Стокхолм се наведува дека на Палудан му било дозволено да го одржи протестот.

You may also like