Распишан референдумот за промена на Уставот на Србија

by Administrator

Претседателот на Собранието на Србија Ивица Дачиќ распиша референдум за промена на Уставот на Србија, кој ќе се одржи на 16 јануари идната година.

Дачиќ ја потпиша Одлуката по седницата на Собранието на Србија. Пратениците претходно ги усвоија Законот за промена на Уставот на Србија, Уставниот закон за спроведување на Законот за промена на Уставот и Одлуката за распишување републички референдум со цел да се потврди Законот за промена на Уставот.

Како што пишува во одлуката за распишување републички референдум, граѓаните ќе се изјаснат за референдумското прашање: „Дали сте за потврдување на Законот за промена на Уставот на Република Србија“.


„Nova“ Tv

You may also like