РАМА: Косово е почеток, ќе ги укиниме и границите со Македонија, Црна Гора..

by Administrator

Албанскиот премиер Еди Рама во новогодишното обраќање порачал дека отворањето на границата со Косово е само почеток и дека Албанија има намера да го стори истото со границите со Црна Гора, Македонија и Грција, пишува Газета Обсервер.

“Наскоро, верувам дека текот на пролетта, границата меѓу Албанија и Косово ќе бидат според критериумите на Шенгенскиот договор. Отворени граници со Македонија, Црна Гора и Грција во блиска ни се иднина од приемот на земјата во ЕУ “, изјавул Рама.

Потсетиме, на 29 декември, премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, на својот Фејсбук профил напиша дека од тој ден “граница на Косово со Албанија не постои“. “Отсега, косовската граница со Албанија не постои. Ќе имаме само една заедничка станица.

Работата ќе продолжи и во март ќе влеземе во втората фаза од целосната елиминација на границата меѓу Косово и Албанија, врз основа на шенгенските принципи “, напишал Харадинај, а пренесе Зери.

You may also like