Путин испраќа војници во Доњецк и Луганск: Објавено видео и декрет за „мировна мисија“

by Administrator

Рускиот претседател Владимир Путин и нареди на армијата да тргне во областа Донбас. Оваа информација ја објави RT. Проруските сепаратистички републики Доњецк и Луганск, кои Русија денес ги призна како независни и кои не се под контрола на Киев од 2014 година, се наоѓаат во јагленовиот басен Доњецк, скратено Донбас, во источна Украина, каде повеќето Руси зборуваат руски. Повеќе од 14.000 луѓе загинаа во војната помеѓу сепаратистите и властите во Киев.

https://twitter.com/UkrWarReport/status/1495873827678605322?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1495873827678605322%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.ba%2Fvijest%2Fputin-poslao-vojsku-u-donjeck-i-lugansk-objavljen-video-i-ukaz-o-mirovnoj-misiji-%2F154370

Бројни аналитичари и светски претставници вечерашниот потег на Путин го оценија како чекор кон инвазијата на Украина. Според информациите на турскиот веб-портал Конфликт, кој е специјализиран за известување за воени зони, процесот веќе е започнат. Во видеото кое го објави на својот профил на Твитер, Конфликт наведува дека руски оклопни возила веќе влегле во регионот на Доњецк. – Руски оклопни транспортери и автобуси со војници влегуваат во Доњецк – се наведува во соопштението со видеото.

Официјални извори се уште не соопштуваат ваква информација. Овој портал ја објави и инструкцијата на Путин до руското Министерство за одбрана да обезбеди мир во Доњецк и Луганск.

 

You may also like