41
Група демонстранти во Либан одржаа демонстрации пред парламентот барајќи поголеми казни за насилство и малтретирање жени. Десетици жени учествуваа во акцијата организирана од здружението на жени АБААД во главниот град Бејрут.
Жените носеа маици на кои со црвена боја пишуваше: „Моето тело не е твоја чест“, „Јас сум слободна, не сум твој имот“, „Малтретирањето е кривично дело“. Тие излегоа на улиците на Бејрут за да го изразат своето незадоволство од ниските казни за малтретирање и напад. Тие извикуваа и пароли: „Нема срам, нема казна“.
Истражувањето спроведено од ABAAD во 2021 година покажа дека само секоја десетта жена изложена на насилство во Либан се обраќа до полицијата или судот.
(Vijesti.ba)
