Протести во Лондон за време на средбата на израелскиот и британскиот премиер

by Administrator

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот британски колега Риши Сунак се состанаа денес во Лондон во услови на големи протести против Израел и премиерот Нетанјаху, јавува Анадолу.

Стотици демонстранти се собраа спроти Даунинг стрит во текот на средбата на премиерите. Тие извикуваа слогани против Израел и Нетанјаху и ја критикуваа Велика Британија што е домаќин на израелскиот премиер.

Во вторникот, британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли и неговиот израелски колега Ели Коен ја потпишаа Мапата на патот за билатералните односи Израел – Велика Британија 2030.

„Мапата на патот 2030 ќе ја продлабочи соработката во областа на технологијата, истражувањето и развојот, безбедноста и киберот“, се вели во соопштението на британскиот Форин офис.

 

You may also like