Неколку илјади луѓе се собраа во Констанца на границата со Швајцарија во неделата, против ограничувачките мерки воведени поради епидемијата на коронавирус, додека во саботата организираа човечки ланец, исто така незадоволни од тие мерки.
Организаторите, претставувајќи се како „слободни мислители“, одржаа митинг, но ја откажаа прошетката низ градот, што беше закажано за попладне, соопшти локалната полиција.
Полицијата во недела во рамките на претпазливост, денес распореди свои представници како би го надгледувале собирот.
Многу демонстранти не носеа маски, но се држеа на растојанија од еден и пол метар. Некои носеа плакати на кои пишуваше „За наша слобода. Против Источна Германија од Ангела Меркел“.
Во саботата, повеќе од 10.000 луѓе формираа човечки ланец околу дел од германското езеро Констанц, лоциран помеѓу Германија, Швајцарија и Австрија.
Граѓаните кои се противат на мерките против коронавирусот, противниците на вакцината, но и симпатизерите на екстремната десница доаѓаат на протестите во Германија.
(Вијести.ба / Бета)
