Пронајдени црни кутиите од индонезискиот авион

by Administrator

Индонезиските екипи за спасување успеаја да ги лоцираат црните кутии на патничкиот Боинг 737-500 на компанијата Сривиџаја, кој вчера со 62 патници и членови на екипажот се урна во морето Јава, веднаш по полетувањето од аеродромот во Џакарта.

Неколку воени бродови со спасувачки екипи го испитуваат местото на несреќата, оддалечено дваесетина километри од аеродромот во Џакарта, а властите најавија дека наскоро ќе ги отстранат црните кутии од дното на морето, пренесува Би-Би-Си. „Нуркачите наскоро ќе нуркаат за да ги извадат црните кутии и се надевам дека наскоро ќе ги имаме“, изјави Сеорјанто Јахјоно, шеф на индонезискиот комитет за безбедност во сообраќајот.

(Вијести.ба / Танјуг)

You may also like