0
Коронавирусот повторно предизвикува проблеми во светот на фудбалот.
Германската влада донесе официјална одлука која нема да му дозволи на екипата на Ливерпул да патува во оваа земја за дуелот од осминафиналето во Лигата на шампионите, пишува Кикер.
Ливерпул ќе игра дуел со Лајпциг, а се уште не е познато каде ќе се игра реваншот. Пристигнувањата во Германија од Англија се забранети барем до 17 февруари, а натпреварот е на програмата претходниот ден. Дефинитивно нема да има исклучок за англискиот клуб.
УЕФА побара германскиот клуб да даде изјава до 8 февруари. Се шпекулира дека натпреварот може да се игра и во Англија, и не е исклучено тој да биде регистриран со официјален резултат од 3: 0 во корист на Ливерпул.
