Претседателот на Хрватска, Милановиќ: Како е можно летало да лета незабележано цел час над членки на НАТО

by Administrator

Како е можно несофистицирано летало да помине повеќе од еден час над членка на НАТО и тоа никој да не го забележува, прашал хрватскиот претседател Зоран Милановиќ за падот на леталото во Загреб. „Знаеме каков предмет леташе. Над 40 минути ја прелетувало Унгарија, во Хрватска неполни седум минути. Ова е сериозен инцидент“, изјавил Милановиќ на вонредна прес-конференција. „Како што стојат работите засега, леталото долетало од Украина, и се урна над Загреб кога останало без гориво“, истакнал Милановиќ.

Хрватскиот претседателка ги повикал граѓаните на смиреност.

„Оценуваме дека ова не е насочено против Хрватска. „Мораме да истражиме одредени процедурални работи, како дошло до ова, а летало со големина на авион  да се урне на пат од Украина кон Загреб“, рекол Милановиќ, пренесува Индекс. „Во моментов предмет на сериозна истрага е како е можно тоа никој да не го забележал.

Прашање е дали Хрватска можеше да направи нешто со ова ниво на одбрана.Леталото беше во нашиот воздушен простор многу кратко“, рекол Милановиќ. Тој додаде дека фактите ќе се утврдат и дека во истрагата се вклучени и воените служби, јавува Танјуг

ZeroDot / Сателит

You may also like