Премиерот на Грузија поднел оставка

by Administrator

Премиерот на Грузија Џорџи Квирикашвили поднесе оставка заради спор со претседателот на владејачката партија Грузиски сон, Биџан Иванишвили.
“Имавме несогласувања со лидерот на владејачката партија. Мислам дека ова е момент кога лидерот на партијата треба да и се даде можност да формира нов кабинет “, изјавил Квирикашвили, објави Ројтерс.
Курикишвили (50) беше премиер од 2015 година, а според Уставот на Грузија, неговиот кабинет мора да поднесе оставка.
Владејачката партија, тогаш, во рок од седум дена, треба да го претстави предлогот на новиот кабинет до парламентот.

You may also like