Република Турција постигна голем напредок во последните неколку години на секое поле, особено кога станува збор за технологијата. Произведени се турски беспилотни летала како што се Акинџи, Бајрактар ТБ-2, беспилотен борбен брод ULAQ, но и првиот национален автомобил TOGG. Под водство на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган беше произведен првиот турски автомобил TOGG, а неговиот прототип беше претставен кон крајот на 2019 година. Фотографијата од турскиот автомобил на која се гледаат само фаровите и контурите на возилото, со својот шарм привлече десетици илјади луѓе кои веднаш изразија желба да купат TOGG.

По објавувањето на видеото и по целосното претставување на автомобилот, Турците кои се ширум светот беа воодушевени од глетката што ја видоа. Но, не само тие, многу луѓе ширум светот се заљубија во TOGG на прв поглед. – Сведоци сме на историскиот ден на остварување на 60-годишен сон. Знам дека луѓето со нетрпение очекуваат кога би можеле да го поседуваат овој автомобил, рече претседателот Ердоган и не погреши во својата проценка бидејќи претседателот на Синдикатот на таксистите во Истанбул, Ејуп Аксу, рече дека таксистите од Истанбул нарачале 17.000 нови Турски коли пред да видат како ќе изгледа.

Се очекува TOGG да се најде во продажба во 2022 година, а целта е брендот да биде препознатлив на домашниот и на странскиот пазар. Тест возењето на автомобилот се одржа на патеката Истанбул Парк, а во видеото можете да го видите патот на развојот на турскиот болид, од првиот чекор до првото тест возење.
Elektronik ve mekanik sistem onayı ile fonksiyonel prototip üretimi süreçleri Türkiye’de tamamlanan akıllı SUV cihazımız ön uygunluğunu aldı.
Fonksiyonel prototiplerimizi güvenlik, termal, dayanım, dinamik ve performans testleri için akredite test merkezlerine gönderdik. #TOGG pic.twitter.com/3d1zckOna0
— Togg (@Togg2022) November 1, 2021

![]()
Balkan News
