Првата пратка со американска воена опрема за Украина пристигна во Киев

by Administrator

Првата пратка од пакетот на безбедносна поддршка од 200 милиони американски долари за Украина пристигна во Киев, соопшти денеска американската Амбасада.

Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетиците илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.

Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември.

САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија, се вели во соопштението од САД.

Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.


Nova Tv

You may also like