ПРВАТА ДАМА НА УКРАИНА ВО ДАВОС Зеленска: Оваа војна може дополнително да се прошири доколку Украина загуби

by Administrator

Првата дама на Украина во вторникот на Светскиот економски форум изјави дека ќе достави писмо до кинеската делегација во кое ќе ги наведе предлозите на претседателот Володимир Зеленски за ставање крај на руската војна во нивната земја. Кина, која како Русија е постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, е важен партнер на Москва и одби да ја осуди руската инвазија на Украина.

Во говорот во кој ги повика оние во Давос да направат повеќе за да се стави крај на војната, Олена Зеленска рече дека планира да му го предаде писмото на кинескиот вицепремиер Лиу Хе, кој зборуваше по неа, за да му го достави на претседателот Кси Џинпинг.

Писма до Фон дер Лајен и Берсет

Таа, исто така, рече дека има писма за претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и швајцарскиот претседател Ален Берсет. „Денеска ќе им ги предадам писмата на претседателот на Украина на колегите кои учествуваат на овој дел од форумот“, рече таа на свој јазик.

Апелирајќи ја публиката во швајцарското одморалиште Давос подобро да го искористи своето влијание за да ги прекине борбите, таа рече дека е потребна глобална соработка за да се спречи колапсот на животот, „на што луѓето ширум светот веќе се навикнати“.

„Оваа војна може да се прошири“

Единството е она што го враќа мирот“, рече Зеленска. Таа додаде дека војната има глобални последици кои може да се влошат доколку Украина биде поразена.

„Како светот очекува да постигне климатска неутралност ако не може да го спречи палењето на цели украински градови? Тоа го прави Русија со својата артилерија, ракети, ирански беспилотни летала“, рече таа. „Сите знаете дека никогаш не било предвидено руската агресија да запре на границите на Украина. Оваа војна може дополнително да се прошири и да посее поширока криза ако Украина загуби“.

(ТБТ)

You may also like