Почина волонтер што примил вакцина на Оксфорд и АстраЗенека

by Administrator

Бразилските здравствени служби денеска соопштија дека починал волонтер кој учествувал во програмата за развој на вакцини на британско-шведската компанија Астра Зенека и Универзитетот  Оксфорд.

Бразилскиот здравствен регулатор Анвис објави дека развојот на вакцината ќе продолжи и покрај смртта на волонтерот. Анвиса не соопшти други детали за причините за неговата смрт.

Федералниот Универзитет во Сао Паоло ја потврди смртта на волонтерот во посебно соопштение, во кое се наведува дека станува збор за бразилски државјанин.

TV21

You may also like