Постигнат договор меѓу Србија и Косово за личните документи

by Administrator

Србија и Косово постигнаа договор за спорното прашање за личните документи, изјави Жозеп Борел, комесар за надворешна политика и безбедност на Европската унија (ЕУ).

 Борељ на Твитер објави дека Србија се согласила да ги укине документите за имателите на лични карти од Косово, додека Косово да не ги воведува за имателите на лични карти од Србија.

Тој посочи дека договорот е постигнат со посредство на ЕУ. „Србите од Косово, како и сите други граѓани, ќе можат да патуваат од Косово во Србија и обратно со лични карти. ЕУ штотуку доби гаранции од премиерот Аљбин Курти за ова прашање. Ова е европско решение. Им честитаме и двајцата лидери за оваа одлука и за нивното раководство“, напиша Борељ на Твитер. Тој не го спомна прашањето за регистарските таблички, што е спорно и во односите меѓу Србија и Косово. Во подоцнежното видео објавено на Твитер, Борељ го изразува своето задоволство што е постигнат договор, во корист на граѓаните на Косово и Србија.

 

You may also like