Половина граѓани на САД пензијата можат само да ја сонуваат

by Administrator

Пензионирањето повеќе е фантазија одколку реалноста за многу луѓе во САД.

Околу 42 проценти од Американците имаат помалку од 10.000 заштедени долари за пензионирање, пишува студијата на GoBankingRates.

Повеќето луѓе, како главна причина што не успеале да заштедат повеќе, рекле дека едноставно не заработиле доволно пари и дека тешко се бореле со плаќањето на сметки, објави Bizlife.

Веб-страницата за лични финансии во фебруари испрашувала повеќе од 1.000 возрасни лица.

За оние кои имаат мала или никаква заштеда, сериозен недостиг на соодветни приходи и планирање на приходи, во комбинација со подолг животен век, ги уништи сите очекувања за пензионирање.

Постарите Американци стануваат се повеќе и повеќе песимисти во ппоглед на своите идни економски перспективи, се тврди во една посебна студија на United Income, старт ап, кое има за цел да примени големи анализи за финансиско планирање.

You may also like