Полицијата ги контролира главните пунктови околу парламентот во Белград

by Administrator

Припадниците на полицијата ја контролираат состојбата на неколку контролни пунктови во центарот на Белград, во поширокото подрачје околу српскиот Парламент, откако со „жива маса“ ги  потиснаа демонстрантите надвор од областа пред собранието, поставувајќи кордони и  оклопни возила на крстосниците во централните делови на градот.

Околу 22 чсот во градот има некакво затишје, но атмосферата е напната, и мала искра е доволна за ситуацијата повторно да ескалира.

Групите демонстранти кои стојат наспроти полициските кордони се составени од многу млади луѓе, а има и многу девојки.

Претходно, демонстрантите пред собранието фрлаа факели и шишиња кон полицијата, која потоа ги растури од областа.

Во турканиците интервенираше и Брзата помош, бидејќи во стампедата има и неколку повредени.

Министерството за внатрешни работи вечерва излезе со сооштение дека полицијата во расчистувањрто на ситуацијата пред собранието не употребила солзавец.

Tv21

You may also like