Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга, Емине Ердоган, со аплаудирање им пружија поддршка на лекарите и медицинските професионалци во борба против пандемијата на корона вирусот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган објави видео на својот официјален профил на Твитер каде се гледа како тој и неговата сопруга Емине аплаудираат во знак на поддршка на лекарите и медицинските професионалци кои деновиве прават големи напори за да им помогнат на граѓаните.
– Во мое име, во име на моето семејство и на целиот народ, испраќам селами и секако аплауз за нашите херои, нашите медицински работници кои напорно работат и прават големи напори во борбата против корона вирусоте – рече Ердоган.
По овој повод на Твитер се огласи и Емине Ердоган,која исто така, им се заблагодарува на сите лекари и медицински професионалци за нивната напорна работа.
„Аплауз на лекарите и професионалците од здравството“ е глобална кампања на социјалните мрежи што ги охрабрува граѓаните во земјите погодени од вирусот да излезат на балконите и да им аплаудираат на доктори, медицински професионалци. Слични видеа кружат на социјалните мрежи од Италија, Шпанија, Германија, Франција и земји во регионот.
Според последните податоци, во Турција се потврдени 670 случаи на инфекција со вирусот, а девет лица починале.
https://www.facebook.com/RTErdogan/videos/535793980649913/?t=8
