Пет лица загинаа во експлозија во фабрика за чоколади во САД

by Administrator

Бројот на загинати во експлозијата во фабрика за чоколада во Пенсилванија се искачи на пет, а шест лица се водат како исчезнати, соопштија денеска американските власти.
Агенцијата за вонредни состојби во Пенсилванија претходно соопшти дека во експлозијата што се случи вчера загинале две лица, додека девет се водат за исчезнати.

Шефот на полицијата изјави дека експлозијата уништила една зграда и ја оштетила соседната зграда, пренесе АП.

Властите ја испитуваат можноста за истекување на гас.

You may also like