Во западниот дел на градот Тулкарем (Tulkarem), израелските сили, нападнале палестинско земјоделско земјиште во понеделникот, а воените булдожери почнале да уништуваат маслинови стебла на површина со големина од околу четири хектари.

Локалните палестински извори рекоа дека обработливото земјоделско земјиште се наоѓа помеѓу селата Кафа (Kafa) и Шуфа (Shoufa), југоисточно од градот Тулкарем (Tulkarem) на северниот окупиран Западен Брег (West Bank).

Еден локален активист од групата „Одбрана на земјоделските земји“, Тасин Хамед (Tahseen Hamed,), изјави за медиумите дека, повеќе од 10 булдожери на израелската армија, потпомогнати од оклопни возила и неколку вооружени израелски доселеници, се качиле во булдожери започнале со уништување на земјиштето.
Хамед (Hamed) рече дека уништеното земјоделско земјиште им припаѓа на палестинските семејства Хамед (Hamed), Ареф (Aref) и Јакуб (Yaccoub) и се наоѓа западно од илегалната израелска населба Авни Хефец, која е изградена на почвата на палестинските села Алшофа (Alshofa), Кафа (Kafa), Куфр Алкалад (Kufr Albalad) и Алхафаси (Alhafasy)
Активистот објасни дека ваквите израелски акции се сметаат за провокативни и агресивни, затоа што тие го оштетуваат палестинскиот имот, со цел да се заштитат блиските илегални израелски населби, главно населбата Авни Хефец (Avni Hefetz).
Тој истакна дека пред неколку месеци израелските трупи ги затвориле главните патишта, што доведуваат до тие фарми поставувајќи голема количина песок. Оттогаш, израелските војници ги спречиле локалните земјоделци да стигнат до нивните фарми, додаде активистот Хамед (Hamed).
Постојат стотици израелски населби низ палестинскиот Западен Брег (West Bank), кои се сметаат за нелегални според меѓународното право и релевантните резолуции на Обединетите нации.
Израел (Israel) го окупира Западниот Брег (West Bank), уште во 1967 година, а една деценија подоцна, окупаторската држава започна со изградба на населбаta.
Пишува: „MEMO“
Пренесува: „Dubai-Portal“
