Официјално: Турција ги прекинува сите врски со Израел

by Administrator

По провокациите, од страна на Тел Авив, Ердоган пресече: Турција ги прекинува сите врски со Израел.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан се обрати на Генералното собрание на Обединетите нации во петокот и објави дека Анкара ги прекинува сите економски и трговски односи со Израел, и дека турскиот воздушен простор ќе биде затворен за израелски авиони.

Фидан нагласи дека Турција се приклучила на меѓународната иницијатива во ОН, заедно со 52 земји, која бара прекин на испораката на оружје и муниција, што, како што рече, „ги охрабрува израелските воени операции“.

За време на вонредната седница на турскиот парламент, шефот на дипломатијата изрази остри ставови за актуелните регионални настани, особено војната во Газа. Тој оцени дека Израел две години врши геноцид врз Палестинците, игнорирајќи ги основните хуманитарни вредности.

„Злосторствата во Газа се евидентирани како едно од најмрачните поглавја во историјата на народот. Дозволувањето на Израел да изврши неодговорни напади во Газа и низ цела Палестина не само што ќе влијае на Палестинците, туку ќе го запали целиот регион“, рече Фидан.

Тој додаде дека палестинскиот отпор ќе го промени текот на историјата, ќе стане симбол на борбата на угнетените и ќе ги потресе темелите на, како што рече, „пропаѓачкиот светски поредок“. Тој особено нагласи дека Турција отфрла каков било план што вклучува раселување на Палестинците од Газа, без оглед на тоа од кого доаѓа таков предлог.

Зборувајќи за поширокиот контекст, Фидан нагласи дека Анкара нема да дозволи сириските заедници да бидат злоупотребени со цел да се поткопа територијалниот интегритет на оваа земја.

„Турција ја суспендираше целата трговија со Израел, им забрани на турските бродови да влегуваат во израелските пристаништа и го затвори својот воздушен простор за израелски авиони. Израелските напади врз Газа, Либан, Јемен, Сирија и Иран се најочигледен знак за терористички менталитет што му пркоси на меѓународниот поредок“, истакна Фидан.

You may also like