Откажани тренинзите на Лејкерси заради Ковид-19, и покрај тоа што 100% биле вакцинирани

by Administrator

Кошаркарите на ЛА Лејкерс имаат проблем со појавата на коронавирус во нивниот тим. Тренингот во вторник пред патувањето за Далас, каде што ги очекува меч со Маверикс ноќта меѓу среда и четврток во 1.30 часот, мораше да биде откажан. Ова е направено од безбедносни причини, со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот. Лејкерси објавија дека на тестот бил позитивен Тајлен Хортон-Такер, кој во неделата против Орландо постигна 19 поени.

Позитивните случаи на тестовите доаѓаат и покрај тоа што ЛА Лејкерс, заедно со Чикаго Булс, се верува дека се тим кој има сто проценти вакцинирани играчи. На членовите на тимот им беше препорачано да направат два теста, брз и PCR пред евентуален состанок во текот на денот пред летот за Далас. Ќе им биде дозволено да си заминат доколку се покаже дека се е во ред со тестовите. Инаку, Лејкерси моментално се шести на западната табела со скор 15-13.

You may also like