Израел остро протестира после објавувањето на фотографијата и видео на кое се гледа како јордански министер го гази израелското знаме, пренесе агенцијата Анадолу (АА).
Министерството за надворешни работи на Израел денеска потврди дека со посредство на амбасадата во Аман на властите во Јордан им врачила простестна нота.
Во исто време, јорданскиот амбасадор во Тел Авив бил повикан на разговор во израелското Министерство за дипломатија.

Израелската влада екстрено сериозно го нарече инциденто со повика фотографијата на јорданската министерка за информации, Џумана Гунеимар, која стои на израелско знаме.
Станува збор за цртеж на израелското знаме, лоцирано на подот на влезот во седиштето на Јорданската стопанска комора, што беше нацртано како знак на противење на нормализацијата на јорданско-израелските односи.
Израел и Јордан потпишаа договор за прекин на огнот во 1994 година, но билатералните односи се прекинати со чести несогласувања, главно заради израелската пресија во Ерусалим.
