Османи во официјална посета на Република Туркије

by Administrator

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе престојува во официјална посета на Република Туркије, при што ќе се сретне со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу.

Билатералните односи и мултилатералната соработка во рамки на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина, ќе бидат во фокусот на разговорите на средбата, информираа од МНР.

Како што е најавено, Османи ќе има средба и со претседателот на големото национално Собрание на Туркије, Мустафа Шентоп.

На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи на Турција Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30 годишнината на независноста на Македонија.


Tv 21

 

You may also like