Опозицијата освои мнозинство во кувајтскиот парламент

by Administrator

Опозициските пратеници освоија мнозинство во парламентот на Кувајт на седмите општи избори во оваа заливска држава за нешто повеќе од една деценија, со само една жена избрана на функцијата, покажуваат резултатите објавени денес.

Гласањето во вторникот дојде откако уставниот суд на Кувајт во март ги поништи резултатите од минатогодишните избори – на кои опозицијата постигна значителни придобивки – и го врати претходниот парламент избран во 2020 година.

Опозициските пратеници освоија 29 од 50 места во парламентот, покажуваат резултатите објавени од официјалната кувајтска новинска агенција. Избрана е само една жена – кандидатот на опозицијата Џанан Бушехри.

Составот на новиот парламент е многу сличен со оној што беше избран минатата година, а подоцна беше поништен, при што сите освен 12 од 50-те пратеници ги задржаа своите места.

Долгогодишниот спикер Марзук ал Ганим и Ахмед ал Садун, кој го замени минатата година, се враќаат во парламентот. Се очекува Садун повторно да се кандидира за функцијата претседател.

– Денеска ја славиме (победата) на реформскиот пристап – изјави пред новинарите пратеникот од опозицијата Адел Ал-Дамхи по објавувањето на резултатите.

– Резултатите од изборите се показател за свеста на кувајтскиот народ – рече тој.

Излезноста достигна 50 отсто еден час пред затворањето на гласачките места, покажуваат податоците на невладината организација Кувајтска транспарентност. На минатогодишните избори излезноста беше 63 отсто, пренесува Франс прес.

(Vijesti.ba / ФЕНА)

You may also like