ОН: Немаме податоци дека во Украина биле извршени акти на геноцид за време на специјална операција

by Administrator

Обединетите нации немаат информации дека во Украина биле извршени акти на геноцид за време на специјалната операција на руската армија, соопштуваат во таа организација.

„Немаме информации кои укажуваат на тоа дека е извршен геноцид“, изјави за новинарите портпаролката на Високиот комесар на ОН за човекови права Равина Шамдасани. Да потсетиме, шефот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал-полковник Михаил Мизинцев, неодамна изјави дека режимот во Киев бара каква било причина да ја обвини Русија за геноцид врз Украинците, а во моментов е ангажирана цела мрежа на странски експерти на украински , кои професионално се занимаваат со создавање „валкана пропаганда“.

You may also like