Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) соопшти дека нејзините засолништа во Појасот Газа, окупиран од Израел, се „екстремно преполни“.
„Нашите засолништа во оваа област се толку преполни што не можеме да примиме повеќе луѓе“, рече Џулиет Тума, директорка за комуникации на УНРВА. „Не постои цивилна инфраструктура во Газа што би можела да поддржи толку огромен прилив на раселени луѓе, од кои многумина сега спијат на улиците.
Израелската армија продолжува да ги напаѓа оние области на Палестина на кои тие самите претходно повикаа на евакуација на цивилното население од Појасот Газа.
„Невозможно е да се концентрира голем број цивили во толку мали делови од земјата, без да се влоши и онака страшната хуманитарна катастрофа“, предупреди претходно Александра Саје, шеф на хуманитарна политика во Save the Children International. „Луѓето се во преполни засолништа во импровизирани шатори. Нема пристап до чиста вода, канализацијата е дотраена. Слушнавме за деца кои гладуваат во таканаречената „безбедна зона“ Ал-Маваси.
