Израснале во Струга и од мали покажувале огромна желба за учење, подоцна особено за правото и меѓународните односи, а за еден од најголемите успеси го сметаат нивното учество на конференција на престижниот „Харвард“ во јуни.
Двете сестри, Билјана и Викторија Чавкоски дипломирале на Правниот факултет како најдобри во својата генерација, а докторирале на насоката за меѓународно право и политика. Поводот за посетата на Правниот факултет на Универзитетот „Харвард“ била меѓународната конференција на тема „Правото во глобалната политичка економија – различностите денес“ во организација на Институтот за глобално право и политика.
На конференцијата учество зеле над 400 учесници од 75 различни држави, кои презентираа научни трудови. Конференцијата беше организирана во 89 паралелни сесии, мини-конференции и промоција на книги.
– Досега ова е најголемата и најзначајната конференција на која сме имале можност да присуствуваме. За време на конференцијата јас презентирав научен труд, а мојата сестра, д-р Викторија Чавкоска, беше избрана за модератор на неколку панели, вели проф. д-р Билјана Чавкоска.
И двете велат дека Универзитетот „Харвард“ е како што очекувале – фантастичен, а искуството е незаменливо.
Комплетната вест за приказната и искуството на двете сестри може да ја прочитате ТУКА. (Крај)
извор:Ohridpress/ Факултети.мк фото: Факултети.мк
