Од сириска страна истрелани ракети врз Израел

by Administrator

Израелската армија соопшти дека од страна на Сирија биле истрелани неколку ракети врз Израел.

Според објавеното писмено соопштение од израелската армија, во раните утрински часови од предградијата на главниот град на Сирија, Дамаск, бил реализиран обид за ракетен напад кон израелска страна.

Во соопштението се истакнува дека ниту една од истреланите ракети не стигнала до териториите на Израел, додека во врска со нападот беа обвинети Бригадите Ел-Кудс поддржани од Иран.

Освен тоа во соопштението се вели дека израелската армија за сите настани во Сирија го обвинува режимот на Башар Асад.

Извор:ТРТ

You may also like